Првата пратка на вакцини од Србија за македонија пристига утре, информира валдината прес служба.
Примопредавањето ќе се случи утре на граничниот премин Табановце утре во 14 часот.
Премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.
На приемопредавањето покрај премиерот ќе биде и министерот Венко Филипче, јави Плусинфо.




