Ердоган до Косово: Нè предадовте

Претседателот Реџеп Таип Ердоган смета дека Косово ги изневери и него и муслиманскиот свет, со воспоставување на дипломатски односи со Израел и со најава за отворање амбасада во Ерусалим.



Во врска со ова реагираше и арапскиот свет но и Европската унија:

„Во согласност со резолуцијата 478 од Советот за безбедност на ОН од 1980 година, со која се повикуваат сите членки на ОН да ги преместат своите амбасади во Тел Авив, сите амбасади на земјите-членки на ЕУ, како и Делегацијата на ЕУ во Израел, се наоѓаат во Тел Авив“, реагираа од Брисел додавајќи дека Косово го минира својот пат кон интеграција во ЕУ.