Македонија се најде на 133. место меѓу 139 земји опфатени со рангирањето на организацијата „Глобал фајрпауер“ за 2021 година според индексот на воената моќ.
Тоа е пад од 15 места во однос на 2018 година, кога најновата членка на НАТО, тогаш кандидатка, беше 118. меѓу 136 земји.
Изземајќи го Исланд, кој нема (постојана) војска, Македонија има најслаба воена моќ во 30-члената Алијанса, помала дури и од Црна Гора, која е 123. на оваа листа, како и од Албанија на 113. позиција.
Србија, која е 61. во светски рамки, е воено најмоќната земја во поранешна Југославија, две места пред Хрватска, Словенија е 88., а Босна и Херцеговина 121.
Зад Македонија во поредокот на „Фајр пауер“ се само Еритреја, Суринам, Сиера Леоне, Сомалија, Либерија и Бутан.
САД и понатаму се водечка воена сила во светот, според ова рангирање, пред Русија, Кина е трета, а во топ 10 се уште Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Бразил и Пакистан по тој редослед.





