„Јас секогаш ја сакав оваа улога и не може да бидам посреќен за снимањето на петтото продолжение. сакам да потенцирам дека не ја прифатив улогата на таен агент за пари“, вели актерот за новото продолжение на сагата за тајниот агент 007 иако претходно постоеја гласини дека тој не сака во веќе познатата ролја.



И покрај радоста, Даниел Крег (47) тврди дека ова е последен пат да ја толкува улогата на Џејмс Бонд.

„Сакам да продолжат во други улоги и во други сегменти од филмската индустија“ вели Крег.

Ова е  25. јубилејно продолжение на филмската приказна за непобедливиот агент. Новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде поврзан со претходното парче од епската серија, со „Spectrea“. Според извори блиски до продуцентте филмот ќе започне да се снима во Хрватска на крајот на годината.