Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, пратеникот Антонио Милошоски одговара на обвинувањата на провладините медиуми кои го обвинија дека во Германија имал судски процес во кој бил осуден за фалсификување на еден документ.
“Партијата на Заев со фабрикувањето на лажни вести за наводно мое поседување на бугарски пасоши, авиони, покренување на монтирани случаи против мене се обидува да ме замолчи како опозиционен пратеник.
Пред 5 години ми фалсификуваа поседување на бугарски пасош преку неговиот другар Чауш, а потоа измисли и дека сум сопственик на авион ✈ кој го немам.
Истата партија која нечовечки се обиде да ја фалсификува вистината за убиството кај Смилковско Езеро, за смртта на Никола Младенов и малата Тамара, денес со слични дезинформации се обидува да измисли фалсификување на исправа во Германија, каде што сум стекнал две исправи, и тоа една факултетска диплома и еден сертификат за странски јазик”, пишува Милошоски истовремено причината за нападите лоцирајќи во нервозата и потребата за дефокус во СДСМ.
“Нервозата и потребата од дефокус расте токму кај власта која во Собранието е поддржана и од силувач на жени, од кого очекувам да си побараат оставка. Наместо лажни вести и обид да ја замолчат критиката од опозицијата, време е владата да си понесе одговорност за лажните ветувања кон граѓаните и за економијата која е жртва на хибридниот режим кој функционира во историски највисока корупција”, порачува Милошоски во реакцијата.






