Мајката на Дамјан Давков, познат како „штипскиот Питагора“ во изјава за „Слободен печат“, потврди дека ќе поднесат тужба против Министерството за образование и наука.



„Да, ќе поднесеме тужба. Немаме нова повратна информација од МОН“, вели Никица Давкова за Слободен печат.

На Дамјан Давковне му следувала парична награда од МОН за освоеното прво место на натпревар, затоа што бил осмоодделенец, а се натпреварувал со средношколци, затоа што Законот не предвидувал такво нешто.