Од денеска е ставен во мирување бојкотот на наставата на матурантите кој започна со почетокот на второто полугодие.
Тие даваат рок до крајот на месецот пратениците во Собранието да ги усвојат нивните барања односно да се намалат предметите за полагање матура од четири на два – мајчин јазик и предмет по избор од областа во која матурантот планира да ги продолжи студиите.
Сојузот на средношколци им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања.




