Бил ли Заев на партиска средба со „мерцедесот“ на Груевски или купил ново блиндирано возило

Фотографии објавени од СДСМ но и од активисти на социјалните мрежи покажуваат дека вчера премиерот Заев заминал на партиски средби со службено возило мерцедес кое наликува на мерцедесот поради кој на затворска казна беше осуден екс премиерот Груевски.



Познавачи на моделите на Мерцедес тврдат дека не се работи за мерцедесот на Груевски туку се работи за понов модел на возило за кое македонската јавност нема доволно информации колку пари е набавено, дали е блиндирано и во каква процедура е купено.

Посебен проблем што укажува на “Заробена држава” е што премиерот не смеел на партиски состанок да патува со владиното службено возило дури и ако во агендата имал активности како премиер.

Доколку сакал да оди на партиски состанок тој требало да ги раздвои државните и партиски активности и во седиште на СДСМ да патува со партиско или приватно возило а не со владин мерцедес.

За партиската посета на Заев на овој линк

https://www.facebook.com/148427235188637/posts/3954679221230067/

Родителската не сака пари туку правда и почитување на правилата

Мајката на малиот генијалец до Царовска: Не ја префрлајте вината на други