Министерката Шеќеринска која го предложила македонскиот воен претставник кој НАТО ни го врати односно цела година не му издаде безбедносен агреман по што тој мораше да се врати дома, сметала дека полковникот Секуловски е одлично решение.
Ова како што открива полковникот Драган Ковачки инаку член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Шеќеринска јавно го тврдела во 2019 кога претседателот Пендаровски го прифатил нејзиниот предлог и го испратил полковникот како главен македонски воен претставник во седиштето на НАТО.
Шеќеринска сега не прифаќа лична одговорност за скандалот во кој е откриено дека Секуловски но и уште еден македонски претставник се безбедносна закана за НАТО поради контакти со ривалски/непријателски служби/држави на алијансата по што тие се вратени дома.
Она кога дури после вториот мандат како Министер сфаќате дека сте згрешиле што не почитувате процедури и закони, но сепак релативизирате и не сакате да понесете одговорност за бламажата на сопствената држава.
Ден 23 – Оставка! pic.twitter.com/SgHGBFdQoO
— Драган Ковачки (@Kovacki1) February 8, 2021






