Умејр Мухамеди, граѓански активист на невладината „Не биди ѓубре“, вели дека иако жителите на Сарај му дале 10.000 гласови на Петре Шилегов, градоначалникот не преземал ниедна мерка да му помогне на локалното население.



„И покрај тоа што Шилегов во Сарај доби рекордни 10.000 гласови на локалните избори во 2017 година, општината и проблемите со кои се соочуваат граѓаните се заборавени. Разликата на локалните избори беше огромна, со голема победа на Шилегов од 10.000 наспроти 300 гласови за Коце Трајановски, вели Мухамеди според кој граѓаните на Сарај се крајно разочарани од Шилегов.

Мухамеди, за Лидер потсетува дека во време на Коце Трајановски, се асфалтирало во Сарај и околните села, се граделе и тениски и фудбалски игралишта, а она што е најважно – немало толкав број на дивоградби.