Д-р Пановски: Попишувачите само до двор или на тераса


„Некаде од 15 мај, ќе може да се прими попишувачот на тераса или двор. Или со отворен прозорец, доколку нема тераса. До попишувачот ќе може да се седи со заштитна маска во најголемата просторија во домот“, препорачува микробиологот Д-р Никола Пановски.



Пановски вели дека прво треба да се попишат оние стотина илјади лица што прележале Ковид-19, за да се искористи рокот во меѓувреме да се вакцинираат другите. 

Д-р Пановски вели дека теренскиот дел од пописот може да се одложи за еден до два месеци.