Министерот за корупција Љупчо Николовски во чиј мандат дојдовме до рекордното 111 место на листата на ТИ на најкорумпирани држави продолжува да се занимава со партиски активности.
Наместо да тргне решителни против корупцијата во неговата влада или да се вклучи во набавка на вакцини тој се занимава со броење на членови на СДСМ за што не е платен како министер.
“За 3 недели околу 3️⃣6️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ наши членови направиле ажурирање на своите податоци, го потврдиле членството во #СДСМ”, пишува Николовски и се фали со партиски активности.
Во исто време молчи за фактот што Македонија е меѓу ретките земји на светот кои што немаат вакцинирано ниту еден свој граѓанин односно меѓу малкуте држави кои немаат увезено ниту една вакцина.
За 3 недели околу 3️⃣6️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ наши членови направиле ажурирање на своите податоци, го потврдиле членството во #СДСМ.
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) February 6, 2021
🚩 Голема е заинтересираноста, имаме нови членови, многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија. pic.twitter.com/dDXjlUPaBD






