Австрискиот канцелар за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да ги провери руските и кинеските вакцини и дека и самиот ќе биде подготвен да се вакцинира со овие вакцини.
Себастијан Курц вели дека откако двете вакцини ќе бидат одобрени, ќе се обиде австриските капацитети да ги направи достапни за производство на руски и кинески вакцини.
Канцеларот додаде дека доколку овие вакцини бидат одобрени, тој ќе биде подготвен да се вакцинира со „Спутник V“ или со кинеската вакцина.
„Станува збор за тоа што е можно побрзо да се обезбедат побезбедни вакцини, без разлика кој ги развил“ и дека околу ова не треба да постојат геополитички табуа.





