Сообраќајна полиција од Тетово синоќа „уловила“ возач кој возел со 221 километар на час.
Во акцијата спроведена со употреба на т.н. ноќен радар биле казнети 33 возачи, од кои 14 возеле со повеќе од 50 километри на час над дозволената брзина, велат од МВР.






