Јавноста во Србија е шокирана од информацијата дека минатата година починале речиси двојно повеќе луѓе отколку што се родиле, но на пандемијата на Ковид-19 се должат само четвртина од вишокот смртни случаи во 2020 година.
Според податоците, во 2020 година на свет дошле 61.693 бебиња, а умреле 114.954 луѓе. Такво нешто не се случило во последните сто години, а бројот на новородени е најмал во последните 120 години. Тоа е скок од 13 проценти во однос на 2019 година, а во однос на 20-годишниот просек зголемувањето е за 12 отсто.
Нагли скокови на смртноста се забележани во ноември и во декември, што се должи на распламтувањето на епидемијата, но и на пренапрегнатоста на здравствениот систем, од чие фокусирање на коронавирусот настрадале многу пациенти од други болести. На многумина им биле одложувани операциите и прегледите, бидејќи голем број болници бил вклучен во ковид-системот и докторите не можеле да ги третираат заболените од други болести.





