Вицепремиерот за корупција ажурира партијаши, дишењето во врат ќе почека

Вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски кој по катастрофалното 111 место на листата на најкорумпирани држави најави дека ќе дише во врат на сите потенцијални корумпирани функционери не го исполнува најавеното.



Иако до вчера не испратил владино мислење за Националната стратегија за битка со корупција 2021-2025 викендов не се фокусира со тоа што му е приоритет во работата туку со партиска агенда.

Николовски јавно открива дека наместо да седне да го пишува влсдинитк мислење од кое зависи Собраниската седница за националниот документ за битка со корупцијата информира дека ажурирал членови на СДСМ.

“Го искористив денешниот сончев ден да го посетам едно од најстарите и најтрадиционални маала во Штип, Стар Конак, воедно маалото на нашиот прв претседател на државата, Киро Глигоров”, пишува Николовски.

Вицепремиерот за корупција се фали дека денеска успеал да ажурира двајца членови на партијата на власт.

“Се сретнав со Панде Сарев, поранешен градоначалник на општина Штип кој ги направи првите значајни чекори во процесот на децентрализација и доктор Никола Камчев, еден од иницијаторите и основачите на Универзитетот Гоце Делчев и декан на медицинскиот факултет”, објави Николовски кој тврди дека аѓурираните ја поддржаале чесноста, работата и визијата на СДСМ и дека граѓаните ги препознаваат политиките и заложбите на СДСМ.

Вицепремиерот за корупција нема време да напише мислење за Националната стратегија