Бугарија останува земја со најниска минимална плата во Европската унија.



1,87 евра на час била законската минимална плата во минатата година.

Меѓу земјите-членки на Европската унија земјата е на последното место, покажуваат податоците на Европскиот синдикален институт за најниски плати во европските земји, јавуваат бугарски медиуми.

Највисока е минималната плата во Франција – 10,15 евра на час. Во Романија и Унгарија, законската минимална плата е нешто помалку од 3 евра, а во Грција и Португалија скоро 4 евра.

Минималната плата во Бугарија е најниска меѓу сите земји-членки на ЕУ.

Во Србија минималецот за час работа е нешто под 2 евра.

Според Институтот, минималната плата во Северна Македонија е 1,63 евра на час, пренесеува Опсервер