Британската кралица Елизабета Втора или Елизабета Александра Мери стана кралица на 6 февруари 1952 година.
Кралицата припаѓа на куќата на Виндзор и го наследи тронот од нејзиниот татко Џорџ Шести.
Иако стана кралица во 1952 година, официјалното крунисување се случи една година подоцна.
Родена е во Лондон, на 21 април 1926 година и е во брак од 1947 година со принцот Филип, војводата од Едибург.
Тие имаат четири деца: Чарлс, Ана, Ендру и Едвард.
Елизабета е на четвртото место на списокот на владетели кои најдолго биле на чело на државата, а од актуелните, убедливо е на првото место.





