Бугарскиот „Ловец на Мигранти“ Динко Велев сепак се сретнал со македонскиот премиер Зоран Заев.
Иако дел од коментаторите на социјалните мрежи тврдеа дека сликата на Велев со македонскиот премиер е „фотошопирана“ и дека Заев никогаш не би се сликал со криминалецот Велев кој што неодамна излезе од затвор за малтретирање на мигранти сепак имало средба меѓу нив.
Средбата и заедничкото сликање го потврди Динко Велев на својот Фејсбук профил а бугарските медиуми ја пренесуваат неговата информација.
Според нив Велев во Македонија отишол да го најде новинарот Миленко Неделковски и да му се одмазди за уништувањето на спомен плочата за загинатите бугарски војници и офицери на Кајмакчалан во првата светска војна.
Велев тврди дека средбата со Заев се случила на 12 август во Струмица.
„Новиот премиер на Македонија е многу добар човек и го почитувам. Тој го поддржува решението за добри односи за разлика од Миленко кој што излезе дека не е подготвен да се сретне со мене“, напишал Велев на својот фејсбук профил.
Велев кој во Бугарија стана познат откако започна да ги лови мигрантите кои што преку Бугарија сакаа да заминат во ЕУ во предходниот обид да дојде да се пресмета со Неделковски беше спречен од страна на македонските власти.
Нејасно е како овој осуден бугарски криминалец кој јавно најави дека доаѓа во Македонија да предизвика насилство, воопшто влегол во земјава. Уште помалку е јасно зошто премиерот се сретнал и се сликал со осуден криминалец.





