Вчера попладне 35-годишниот Арачиновец со иницијали А.А. во полиција пријавил дека додека седел во неговиот двор со соселанецот Ф.А. (31), поминал автомобил „форд галакси“ во којшто биле Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон нив.
Според пријавата во МВР, двајцата соселани кои биле во дворот возвратиле на пукањето.
Повредени лица нема, а оштетени биле возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и автомобил „мерцедес“ сопственост на Ф.А..
Полицијата работи на расчистување на случајот. Од таму засега не објаснуваат дали било пукано од автоматско оружје или од пиштоли и дали учесниците во пукањето имаат дозвола за носење и користење на калашњикови, пиштоли или друго оружје што го користеле.






