Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори

„Час поскоро треба да се одржат предвремени парламентарни избори бидејќи ова нестабилно, мало, тенко владино мнозинство покажа дека Македонија е хибриден режим, дека е заглавена во корупција и е на 111-то место. Според сите останати други скали на мерења, по број на странски инвеститори, по пад на економија, ние уназадуваме или сме на дното во регионот“ вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ според кој предвремени избори треба да има заддно со локалните наесен.



„Час поскоро треба да има предвремени парламентарни избори, ново, стабилно владино мнозинство кое со многу работа, бидејќи нема веднаш да дојдат придобивките преку ноќ. Треба многу работа, многу откажување, чесни луѓе и чесни политичари кои не се огрешени и зглавени во криминал за да можеме Македонија да ја извадеме на прав пат“, оценува Мицкоски.