Силјановска за Заев и Пендаровски: Местото им беше пред гробот на македонскиот Џеферсон

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова ги прекорува претседателот Пендаровски и премиерот Заев кои не се поклонија на гробот на Гоце Делчев на денот на неговото раѓање.



Таа во постот раскажува како пуштила солза кога како ученичка победила на анонимен натпревар за најдобар есеј на тема Гоце Делчев.

“На 4ти февруари е роден Гоце Делчев, апостолот на ВМРО, втемелувачот на македонскиот републиканизам, македонско ХРАБРО СРЦЕ, македонскиот национален татко- основач, македонскиот Томас Џеферсон.
За УЧИТЕЛОТ ГОЦЕ, светот не е бојно поле, туку културен натпревар на народите, меѓу кои и македонскиот.
„Ослободувањето на Македонија може да биде дело на самите Македонци“, велеше тој.

„Тој што ќе се бори за слободата на Македонија, ќе умре за Македонија“, сметаше и умре за неа.

Мене, најомилената награда во животот ми е онаа за најдобриот средношколски есеј во републиката посветен на делото на Гоце Делчев. Никогаш нема да ја заборавам озараеноста на мојата професорка по македонски јазик и литература, легендарната Вера Давчева, кога извика: „победил есејот под шифра Гоце- Гога“! Сигурно е твојот! Се расплакав, се разбира!

Местото на претседателот и премиерот беше пред неговиот гроб!
Слава му!”, пишува професорката за односот на Пендаровски и Заев кон великанот.