Европратеникот од редовите на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски на својот фејсбук профил му порача на Зоран Заев дека Гоце Делчев е бугарски херој, откако премиерот на фејсбук со статус ја одбележа годишнината од раѓањето.
„Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.
Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност“, напиша Заев на Фејсбук.
Џамбаски реагираше:

„Зоран Заев, јавно ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот устав на организација е Бугарски македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране. Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш, самиот себе се определил како бугарски учител, бугарски…“ напиша Џамбаски.
Во Фејсбук размената на мислења се вклучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој порача:






