Откако Заев не одговори на бугарските провокации за Гоце Делчев лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша коментар од профилот на премиерот.
Заев ги премолче навредите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој на премиерот му напиша дека Гоце Делчев е Бугарин но Мицкоски не премолче.
Од фејсбук профилот на премиерот му одговори на Џамбаски.
“Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја”, напиша Христијан Мицкоски од профилот на Заев кој со молк ја проследи провокацијата на бугарскиот европратеник.
На својот коментар Мицкоски добива огромен број напади од бугарски корисници на Фејсбук кои искажуваат лаги за македонската историја. Ниту една од нив не е избришана од администраторите на Фејсбук профилот на премиерот Заев.
Целата преписка на овој линк
https://www.facebook.com/66035312931/posts/10159428781162932/






