“Само Вистина” е се уште најгледаната политичка дебатна емисија во Македонија.
Емисијата која ја водат повеќе новинари од информативната редакција на Канал 5 (Елизабета Глевска, Мирјана Трпческа, Јулијана Николовска) од својот почеток е најгледана политичка емисија во земјава и засега не може да ја стигне ниту една друга политичка емисија на другите национални или кабелски телевизии.
На второ и трето место според просечниот број гледачи се емисиите на ТВ Алфа Што не е јасно со Љупчо Цветановски и Искра Коровешовска и Заспиј ако можеш.
За нецела една година од постоењето веднаш зад Само вистина според рејтинзите и таканаречениот “удел” (Share) најчесто е “Заспиј ако можеш” на новинарите Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.
Зад нив на листата на најгледани политички дебатни емисии се 360 степени и Патот кон на Алсат М, Вин-Вин и Топ – Тема на Телма, Анализа 24 и Студио 10 на ТВ24, Економски магазин на Алсат М.
Најгледаната телевизија Сител не е на оваа листа затоа што таа има само една политичка дебатна емисија која се емитува само еднаш неделно.
Каква била гледаноста на политичките емисии во текот на вчерашниот ден во слајдот подолу се податоците кои за телевизиите ги мери компанијата AGB Nilsen.
Од податоците може да се види колку луѓе ги гледаат емисиите но може да се види и колку луѓе доаѓаат, колку остануваат и колку време минуваат со емисиите.
За споредба на фрекфенцијата на Канал 5 во текот на Само вистина вчера дошле вкупно околу 244 илјади луѓе од кои околу 50 илјади ја гледале емисијата во просек околу 14 минути.
Кај Заспиј ако можеш вкупно дошле околу 50 илјади луѓе а 27 илјади гледале во просек 36 минути.






