Од направени 2.107 тестирања во последните 24 часа регистрирани се 373 се позитивни на ковид-19.
За истиот период Институтот за јавно здравје регистрираше 638 оздравени пациенти и седум починати.
Од починатите седум лица, двајца пациенти се од Скопје на возраст од 72 и 84 години, останатите се од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на ковид-19.





