Близу илјада вработени сеуште ја немаат земено декемвриската плата, иако нивните газди земале државни пари.
За 306 работодавачи ќе се бара кривична одговорност, а имињата на фирмите ќе бидат објавени јавно, додека УЈП веќе има испратено опомени до компаните по што ќе следува и блокирање на сметката.
„77 работодавачи се од дејноста трговија на мало кои што примиле финансиска помош од два милиони денари и на 145 вработени не исплатиле. 44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош два милиони денари и на 130 вработени не исплатителе плата, 26 фирми од дејноста градежништво примиле помош од 900 илјади денари и на 57 вработени не исплатиле плата“, рече Сања Лукаревска, Директорка на Управата за јавни приходи.





