Бугарската национална телевизија (БНТ) од 1 март ќе реемитува програма и во Македонија, а Македонската телевизија (МТВ) во Бугарија.
На поранешниот долгогодишен дописник на БНТ од Скопје, Костадин Филипов, тоа му го потврдил претставникот на Владата за спорот со Бугарија, Владо Бучковски.
„Те поздравувам, имавме успешен работен состанок со Вашиот амбасадор (Ангел Ангелов – н.з.), со директорот на АВМУ, (Зоран) Трајчевски, и со директорот на Телеком, (Никола) Љушев. Од 1 март БНТ оди на платформата МаксТв на Македонски телеком“, му пишал Бучковски на Костадинов, кој тоа го пренесе на својот профил на Фејсбук.






