Димитров: За што сум обвинет? Што не испорачав преговори по цена на македонскиот јазик?

Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров ја опиша поднесената интерпелација за него од опозицијата како „врв на апсурдот“.



„За што сум обвинет? Што не испорачав преговори по секоја цена? По цена на македонскиот јазик? Дали, дами и господа, можеби тоа го сакавте, за да можете да ја палсирате тезата за предавство на националните интереси? Оти вака таа теза не поминува. Тоа ако го барате од мене, веднаш да ви кажам, никогаш нема да го испорачам“, порача потписникот на Преспанскиот договор од собраниската говорница.