Премиерот Заев најави дека е подготвен да го одложи пописот, но не како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ од една година, туку, онака како што вчера предложи претседателот Стево Пендаровски за мај или јуни.



„Го видов и предлогот на претседателот на државата да се одложи некој месец. Океј, јас сум секој пат спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период, за локалните избори. И да размислиме за месец дена, месец и пол да завршиме некаде до средината на јуни, веќе гледам опозицијата тоа го одби така што уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, рече премиерот Зоран Заев.