Македонија е во група со Боливија, Сенегал, Црна Гора, Танзанија, Молдавија, Уганда, Бутан, Либан, Нигерија и на 78-мото место во најновиот извештај на угледниот „Економист“ за индексот на демократија во светот за 2020 година.
Од 2016 година до 2020, според Економист, Македонија бележи пад во оцената според индексот на демократија во однос на претходните години кога бодувањето било над 6.
Ова е втора поразителна ранг листа која земјава за добива за кратко време.
Пред само неколку дена „Транспаренси Интернешнл“ ја смести Македонија на 111 место според индексот на корупција.






