Бугарија не е задоволна од фактот дека мораше да каже „не“ за почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската унија, изјавила вицепремиерката Екатерина Захариева, пренесе БГНЕС.
Според неа, проблемите меѓу Софија и Скопје се поврзани со фактот дека Македонија не го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство, од август 2017 година.
Другиот важен проблем е што продолжувал јазикот на омраза кон Бугаријаа.
„30 години по промените, тие едуцираат генерација по генерација на омраза кон Бугарија.
Не сме среќни што моравме да кажеме „не“, но тие продолжуваат да го нарекуваат „фашист“ само нашиот народ во своите учебници.
Да, Бугарија беше сојузник на Германија, но бугарскиот народ ги спаси своите Евреи “, рече Захариева.
Шефицата на бугарската дипломатија рече дека нерешените билатерални прашања, се пречка за продолжување на процесот на евроинтеграција и тие мора да бидат расчистени пред повикот за преговори.
„Ова е основен принцип на ЕУ. Затоа секоја земја-кандидат мора да ги реши нерешените проблеми не само со земјите-членки, туку и со соседите “, нагласи Захариева и додаде: Работиме на решавање на прашањата, но не смееме да замижуваме пред фалсификувањето на историјата и говорот на омраза“, вели министерката.






