ЕУ го повика Косово да го преиспита отворањето амбасада во Ерусалим, по дигиталната церемонија со Израел во понеделникот (1 февруари).



„Косово ја идентификуваше интеграцијата во ЕУ како свој стратешки приоритет. ЕУ очекува Косово да постапи во согласност со оваа заложба за да не биде нарушена неговата европска перспектива“, изјави портпаролот на ЕУ.

ЕУ е против признавање на Ерусалим за главен град на Израел, затоа што „Светиот град“ требаше да се сподели со Палестинците во решението за две држави.

Отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим е незаконско и Арапската лига силно се спротивставува на ваквата одлука, рече генералниот секретар на оваа регионална организација на арапските земји, Ахмед Абдул Гејт.

„Секоја одлука за отворање амбасада во Ерусалим е незаконска, бидејќи градот беше под окупација и затоа ваквите дипломатски одлуки не можат да бидат прифатени“, рече Гејт.