За организаторот на протестот за „Монструм“ 510 евра казна

Лицето кое се води како организатор на протестот против случајот „Монструм“ , објави дека добил прекршочен налог од 510 евра од полицијата по инцидентите што беа предизвикани во центарот на главниот град.



„Цел живот не сум добил ниту денар од оваа држава а сега треба да платам 510 евра“, напиша Блерим Ахмеди, кој вчера беше повикан на информативен разговор во полициската станица на Бит Пазар. Тој објави и фотографија од казната што треба да ја плати.

Од МВР претходно за инцидентите информираа дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија прозорци на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР. Полицијата ги утврдува нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.