Претседателот Стево Пендаровски ги оцени како легитимни барањата за одложување на пописот поради состојбата со пандемијата.



Тој во интервју на Телевизија 24 истакна дека нема да биде крај на светот ако пописот се одложи за месец или два.

„Јас ги слушам повиците за разгледување тајмингот на пописот, корона, вакцини и слично. Тоа се сериозни прашања. Не гледам греда, пописот да се одложи за месец и или два“, вели шефот на државата според кој барања што се однесуваат во доменот на здравстото се легитимни.

„ Нема да биде крај на светот. Не велам да се одложи за цела година, но месец или два не би биле проблем. За секој граѓанин да се чувствува безбедно, да не се плаши кога некој ќе му дојде во домот“, вели Пендаровски.