Бегалецот Игор Спасов, поранешен полициски специјалец и осуденик за убиство, вчера, по две години бегство од Македонија, е уапсен по пријава за семејно насилство во Софија, Бугарија. За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол.
Бугарското МВР потврди дека Спасов е приведен во понеделникот, но не соопшти каква ќе биде постапката понатаму. Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време..
Засега е нејасно дали Спасов има бугарско државјанство. Ако се испостави дека има, тоа може да ја искомпликува постапката за негова екстрадиција во Македонија.
Поранешниот припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор. Слободен печат






