Барди не е сериозно повреден и ќе игра за Македонија во септември

Иако првично беше соопштено дека членот на Леванте, нашиот Енис Барди ќе паузира подолго и дека ќе ги пропушти септемвриските квалификациски средби, кај македонскиот репрезентативец е костатирана полесна повреда на мускулот која ќе му овозможи да се врати брзо на терен. Тој би требало да биде „фит“ и за дуелите на Леванте од Примера со Виљареал и Ла Коруња, а сигурно и за средбите со Израел и Албанија во мундијалските квалификации во септември.



А како игра Барди на Мунисипал де Валенсија стадионот најдобро говорат головите во подготвителниот период.