Раперот ја продава куќата со пет спални во Детроит за половина цена. Еминем ја беше купил во 2003. година за 4.8 милиони долари, сега ја продава за 1.9 милиони долари, а причината за падот на цената е целосниот колапс на автомобилската индустрија во главниот и најголем град во државата Мичиген.
Купувањето на куќата во Детроит за Еминем (44) се покажа како страшно лоша инвестиција. Раперот чие вистинско име е Маршал Брус Матерс Трети има куќа со голем двор, базен и тениско игралиште.




Сега ја продава за повеќе од два пати пониска цена што се должи на падот на вредноста на недвижниот имот во американскиот град во кој таа е буквално преполовена. Ова сепак, нема многу да го погоди Еминем кој „тежи“ околу 210 милиони американски долари.

Инаку, Еминем со години се држи подалеку од светлата на рефлекторите и затоа неодамна ја изненади јавноста со новиот имиџ во кој ја нема русата коса, а има неколкудневна брада.