Германија ќе прими руски и кинески вакцини!?

Германскиот министер за здравство изјави дека е отворен за идејата за употреба на руски и кинески вакцини во борбата против Ковид-19,пренесува ХИНА.



„Ако вакцината е безбедна и ефикасна, без оглед во која земја е произведена, тогаш, се разбира, може да помогне во борбата против пандемијата“, рече тој за Франкфуртер алгемајне цајтунг. Вакцината ќе треба да помине низ нормален процес на овластување, а пријавата за одобрување во Европската унија е веќе доставена до Европската агенција за лекови (ЕМА).

Русија во петокот објави дека може да ја снабди ЕУ со 100 милиони дози вакцина Спутник В во вториот квартал, што е доволно за вакцинирање на педесет милиони жители на ЕУ.