Петровска измисли нов збор во обид за партиска пропаганда

Екс заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во партиска пропаганда објави дека го ажурирала своето членство во СДСМ и притоа објави дека за неа партијата била иделогоија.



Најверојатно Петровска мислела на идеологија но таа тоа не го прецизира ниту објаснува во својот пост кој на Твитер седи повеќе од 4 часа без да биде избришан или дополнет.

“Го ажурирав своето членство во СДСМ затоа што за мене СДСМ е повеќе од партија, за мене тоа е ИДЕЛОГОИЈА во која верувам и за која искрено се залагам.
Социјалдемократијата е многу повеќе од партиска определба”, напиша Петровска во партиската пропаганда на социјалните мрежи.