Советник на Заев го раскринка сексуалното воспитување на Царовска

Еден од најчитаните македонски писатели Венко Андоновски во колумна го анализира и критикува концептот за реформа на образование со акцент на идејата на министерката Мила Царовска за воведување на сексуално образование во раната фаза од училишната настава.



Професорот Андоновски од 2019 година беше советник на премиерот Заев за културеен проект во Србија каде што тој предава на универзитетски студенти.

“Формално, мојата генерација е сексуално необразована. Самоуки сме. Па, сепак се оженивме и добивме деца. Нашите внуци ќе бидат сексуално образовани. Да видиме ќе бидат ли посреќни. Моето мислење е: во овој морално болен свет, кој ја брише границата меѓу природното и неприродното, да му дадеш на своето дете од најмали нозе погрешно, општествено организирано сексуално образование, пред да му дадеш стабилно емотивно и духовно образование, значи да му дозволиш да седне на буре барут и да запали томпус.

Точно е дека веќе не смее порно-сајтовите да бидат единствениот сексуален „даскал“ и „воспитувач“ на младите. Во потрошувачкото општество, порнографијата го сведува сексот на стока и услужна дејност. Но не се плашам јас за порнографијата. Таа, со она што се продава преку разни НВО кај нас како светски образовен хит, „сеопфатно сексуално образование“ (Comprehensive Sexuality Education), сигурно нема да биде непријател. Зошто мислам така?

Според мое мислење, две нешта не можат да бидат предмет на наука, па според тоа и на образование: верата и љубовта. Ако до Бога се доаѓа само со срце, а не со разум, тогаш не може да има „наука за Бога“. Ако до љубениот/љубената се доаѓа само со срце (а не со разум), не може да има ни наука за љубовта. Може да има само поуки.

И сексологијата премолчено признава дека не е наука за љубовта: најчесто се сведува на она што Хелените го викаа ТЕХНЕ („занает“ во уметноста), а моите сфаќања за љубовта не подразбираат таа да се сведе на техника на сексуално комуницирање.

Но што дрдорам јас за љубовта? Каква врска имаат љубовта и сексот по експлозијата на порнографијата? ПРИРОДНО е тие две нешта да се поврзани, а денес се НЕПРИРОДНО („општествено“) разделени.

Телесната љубов треба да е продолжение на душата. Тоа што денес таа „доби независност“ од душата е само знак на општествена индустрија на страсти: фала му на капитализмот! Разликата меѓу љубовта и страста, но и нивната поврзаност се опишувани со векови. Накратко, и за оваа пригода само метафорично: страста е слама што пламнува, љубовта е дрво што држи жар”, пишува писателот Андоновски.

Линк до целата колумна