Седум починати, 175 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани седум починати и уште 175 заболени лица од Ковид-19 од 1.733 направени тестови.



Починати се двајца пациенти од Скопје на возраст од 85 и 43 години и по еден од Охрид (83), од Штип (79), од Тетово (67), од Берово (80) и од Велес (74). Сите седуммина се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата во државава достигна 92.693, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157.