Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“,  на својот фејсбук профил ги објави најнови сознанија поврзани со британската мутација на коронавирусот.



Еве кои се новите информации:

1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно, ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви.

3. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20.

4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој.

Кунгуловски вели дека  пандемијата е далеку од завршена и единствениот спас е глобалната вакцинација, што побрзо толку подобро.

Плусинфо