Шпанецот утре во второто коло ќе го има првиот меч на турнирот од Мастерс серијата во Синсинати, но и да загуби од Ришар Гаске, па дури и да не се појави на терен, од понеделник сигурно ќе биде највисоко на светскиот ранкинг. Се му одеше во прилог на 32 годишниот Шпанец за четвртото враќање на врвот. Енди Мареј е повреден и не настапува во Синсинати каде лани беше финалист, па сега автоматски губи 600 поени и од 7750 паѓа на 7150. Роже Федерер во неделата во Монтреал на контото додаде 600 поени за, со 7155 да биде втор, но поради проблеми со грбот нема да има нови поени, па збирот на Надал од 7450 бода му е повеќе од доволен од понеделник по три години да се искачи на позицијата број 1 на АТП.
Секако Рафа Надал на постоечките бодови, ќе ги додаде и поените освоени на турнирот во Синсинати.





