Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев предизвика жестоки критики откако го отфрлил барањето на своите граѓани и ја продал парцелата на која Карпошовци молеа да се направи детски парк.
Откако денеска Богоев објави порака на Твитер за Карпош доби канонада од информации според кои тој продал атрактивна локација против волјата на граѓаните на Карпош од различни политички провиниенции. Против одлуката на Богоев реагираат и луѓе од неговата партија СДСМ.
Од коментарите на постот на Богоев се гледа што точно направил градоначалникот.
Нашиот #Карпош.
Имајте убава вечер 🌅 🌙 pic.twitter.com/qcPoVRF5XG— Стефан Богоев (@stefanbogoev) January 30, 2021
Богоев кој во пошироката јавност стана познат како човек кој имал бизнис релации со Боки 13 а неговиот татко бил дел од “Меѓународниот сојуз” за кој се води судска постапка, не го послушал гласот на граѓаните кои во вторникот протестираа за заштита на една од ретките зелени површини во овој дел од Скопје.
“Денеска се случуваше протест за одбрана на мало парче земја – општина Карпош решила дека токму тоа парче мора да биде продадено, во прашање е најверојатно дооформување на парцела, зошто огромни пари не се земаат од оваа продажба, но од комуналии на атрактивна локација – да. Повеќето изгорени од партиски собири – се фокусиравме кој го постира постот а не што е суштината на протестот. Многу од нас не се грижат многу за парцели и ДУПови ако тоа не е на 200 м од неговата зграда но сега е таму, утре ќе дојде пред вашата врата., и после се чудиме на слики со залепени балкони и прашања кој нормален го дозволил тоа – а одговорот е сите ние. Затоа сите следни протести ве молам со време најава и со време да се организираме сите граѓани од цел Карпош.
Го приложувам документот со кој во 2018 година од О2 Иницијатива баравме од Советот на Општина Карпош да го изгласа , за да не поднесуваме над 20 барања до Уставен суд за поништување на Детални Урбанистички Планови во општината носени во времето на Стефче Јакимовски. Бидејќи парцелава се наоѓа во ДУП кој е прв на список, ја известувам општината дека во текот на оваа недела и овој ДУП ќе се најде пред Уставен така да се надевам Општина Карпош, Стефан Богоев нема да влезете во ризик да продавате земјиште според ДУП за кој знаете дека имаме докази да падне на Уставен.
..И нема да биде единствен✊”, порачаа Карпошовци во вторникот.
“Почитувани соседи, драги Карпошани,
Прво би сакал да Ви се заблагодарам на секој еден од Вас што попладнево одвои време да биде тука со нас – за заедно да се спротивставиме, да кажеме НЕ и да се обидеме да спречиме една активност на Општината Карпош и градоначалникот Стефан Богоев.
Исто така, на самиот почеток би сакал да Ве замолам за одговорно однесување на денешниов протестен собир и почитување на сите мерки пропишани од здравствените власти, а во насока на справување со пандемијата предизвикана од Ковид 19.
Тука сме бидејќи градоначалникот Стефан Богоев и Општината Карпош, по секоја цена се решени да продадат парче државно земјиште, именувана како ГП бр.19.11, последното парче зелен простор останат во нашето маало, а кое се наоѓа веднаш до објектот на Александрија. Огласот кој еднаш веќе го поништија, веројатно поради констатирана техничка грешка, на само еден ден пред закажаната јавна аукција, сега повторно го објавија пред Нова година, очигледно надевајќи се дека поради празниците сето ова ќе мине незабележано.
Чии интереси штитите господине Градоначалник? Зошто свесно работите против интересите на граѓаните што треба да ги застапувате? Информиран ли сте дека станарите од околните зграда веќе 2,5 години, секој ден, делник и празник, немаат елементарен мир, од 7 часот наутро до 19 часот попладне, поради изградба на објекти кои се граничат со оваа локација?! Наместо да се посветите на изнаоѓање решение за паркинг простор на овој потег, Вие имате намера дополнително да го зголемите сообраќајниот хаос во маалото?! И зошто лажевте дека ќе ни донесете паркови наместо згради, за сега да ја продавате последната зелена површина во маалото, со цел да никне НОВ станбен објект или друг објект согласно Јавниот оглас? За 61 денар по метар квадратен почетна цена?! И колку бенефит ќе инкасира општината од продажбата на овие 350 м2 простор?! Вреди ли? Колку и да е примамлив износот што го очекувате да го добиете со продажбата, бидете уверен дека штетата што ќе ја претрпите со вакво арогантно однесување и лажејќи ги граѓаните, ќе биде многу поголема.
По Вас секако, но, за жал, и по нас кои ќе мора да живееме со вашите несоодветно донесени одлуки!
Не е доцна да ја чуете нашата порака, да се предомислите и да го поништите огласот овој пат на барање на граѓаните кои Ве избраа да ги слушате и исполнувате токму нивните барања за подобро секојдневие.
Почитуван градоначалник, јасно и гласно упатуваме порака до Вас и до Општината Карпош дека не се согласуваме со вашата намерата за продажба на земјиштето на приватен инвеститор и изградба на уште еден станбен објект или уште пострашно, според опишаната намена на ДУП за Градската четврт „3 09“ – хотел, во и онака урбанистички пренатрупаното маало.
Почитуван градоначалник,НИЕ бараме на оваа парцела да се направи парк со детско игралиште или зелен сквер!”, рече на протестот актерот Роберт Вељановски во име на неговите комшии.






