Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов вели дека во Македонија има многу повеќе Бугари отколку Срби.



„Зошто бугарското население не се признава кога таму има само 30,000 Срби, а 120,000 имаат бугарски пасоши и илјадници други кои чекаат да добијат пасоши?”, вели Каракачанов.

Реакцијата доаѓа по изјавата на Заев за воведување на српскиот јазик како изборен предмет во основните училишта и честитката на премиерот на празникот Свети Сава.
Според него пологично е Македонија да го одбележува 3 март, националниот празник на Бугарија, денот кога Бугарија, заедно со денешна Македонија, беше ослободена од Османлиската империја.