Претседателот на Србија најави дека за еден месец во Србија ќе пристигнат уште милион дози вакцини против коронавирус.
Се извини што бил несоодветно облечен, но побрзал да ја сподели веста со видео обраќање утрово.
“Почитувани граѓани на Србија. Се извинувам што сум облечен вака, но утрово имав разговори со наши пријатели ширум светот, за да се обидам да обезбедам што повеќе вакцини за нашите граѓани”, објави Александар Вучиќ во видео обраќање.




