Навреди и понижувачки изрази се случиле за време на вчерашната седница на Собранието на која беа поставувани пратенички прашања.
Една од присутните министерки кои треба да одговараат на пратеничките прашања вознемирена од текот на седницата на која власта беше критикувана со сериозни аргументи, пред повеќе лица рекла дека нема време за безделничење.
Министерката за чие однесување сведочат повеќе пратеници од различни партии кои се навредени од владината претставничка за односот кон парламентот, со својата изјава објавила дека има поважни работи од присуство на собраниската седница за пратенички прашања каде пратениците всушност го пренесуваат гласот на народот до Владата.
Во текот на седницата министерката и други пратеници од владеачкото мнозинство упатувале и навреди кон други пратеници на опозицијата.






