„Не можам да го разберам ниту директорот државниот завод за статистика кој во неколку наврати различно зборува. Од тие причини, имам лични дилеми дека пописот ќе се одржи оваа година. Еве, веќе сме февруари, а подготовките за ваква значајна операција не се почнати’ –вели градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој се сомнева дека годинава ќе се одржи попис.



За него е нејасна методологијата за попишување и нема да оди на дебатите, бидејќи, како што вели, на нив мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови. Вели , ЗЕЛС мнозинството се кадри на СДСМ и предлозите на опозициските градоначалници нема да се прифатат.

„ Добивме покана од ЗЕЛС, но таму од 85 градоначалници, само петмина не се од СДСМ. Па така, бадијала ќе дебатираме, кога нашите сугестии и предлози не се прифаќаат. Јас веќе година и пол ги игнорирам нивните седници, така ќе биде и со оваа. На оваа тема ќе дебатираме, но во ЗЕЛС не“ – објаснува гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари.