Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија појаснува дека извештајот на Транспаренси Интернешнл за индексот на корупција, според кој Македонија го доби најлошиот резултат откако се мери во земјава, не е перцепција на граѓаните, туку статистика, се анализираат случаи, се прават анкети со луѓе коишто имаат контакт директно со државата.
За обвинувањата дека огранокот на Транспаренси во Македонија ја креирала лошата слика во извештајот таа рече дека Транспаренси Интернешнл е постојано на другата страна од власта.
„Тука сме да делуваме како контролор на власта. Нашата работа ако сакаме да останеме објективни е објективно да ја следиме работата на секоја власт. Политичарите кога се на опозиција ни се многу добри пријатели, потоа работите се менуваат“, додаде Тасева за „Лидер“.





